Нека не се занесува Заев со преодна влада – СДСМ ќе бира премиер и министри само ако добие на избори


Медиумите блиски до опозицијата изминатиов период објавуваа текстови во кои велат дека техничка влада ќе биде договорена и во неа Груевски нема да биде премиер, а дел од клучните министерства ќе ги добијат лица на СДСМ.

Во текот на овој ден медиумите на СДСМ пишуваат дека ќе биде формирана егзикутивна комисија која би функционирала како Влада.

Премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање за оваа тема истакна дека СДСМ ќе бира Влада кога ќе победи на избори.gruevskizaev

-Со внимание ги следам сите овие шпекулации кои ги пласира СДСМ и медиумите блиски до нив. Понекогаш се чудам на нивниот начин на пуштање на шпекулации, создавање на нереални амбиции и нереални очекувања. Доколку одговорам многу сериозно некој може да помисли дека има нешто вистина во тоа со создавање преодна влада, па дека министри ќе одберат СДСМ, премиер ќе одбере СДСМ итн. Ако одговорам само со насмевка, можам да бидам погрешно сфатен. Затоа ќе кажам дека СДСМ треба да научи дека министри ќе може да бираат и премиер ќе може да бираат тогаш кога ќе победат на избори, кога ќе ја добијат поддршката од мнозинството граѓани на Република Македонија.Се до тогаш нема да имаат можност да изберат ниту министри ниту премиер. Затоа што ја немаат довербата од мнозинството граѓани. Тоа е основната работа во една демократија, истакна премиерот.

Груевски истакна дека единствено народот одлучува за тоа кој ќе управува на избори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1