“ПУЧ”: Денес ќе се одлучува за обвинението против Зоран Заев


Кривичниот суд во Скопје, закажа јавна седница на која ќе ги разгледува приговорите на обвинението што ги поднесоа адвокатите на Зоран Заев и другите обвинети во случајот „Пуч“.zaev verusevski

Судот одлучил на јавна седница да ги разгледа приговорите на адвокатите, пред да одлучи дали ќе дозволи обвинението да биде испратено на судење.

– Добивме покани со кои се повикуваме утре да ги образложиме нашите забелешки на обвинението пред советот за оценка на обвинителниот акт. Ќе бараме судот да го отфрли обвинението, бидејќи нема кривично дело – тврдат од адвокатскиот тим на Зоран Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1