Емили Б. (28) и Куки Џејн (24) благодарејќи на изборот на својата професија, поради која изјавуваат дека се многу среќни, успеале да се издигнат од средната класа и да живеат на висока нога.
Овие ексорт дами, кои до клиентите доаѓаат преку мобилните апликации, изјавуваат дека годишно заработуваат и до 200.000 фунти забавувајќи ги богатите бизнисмени.
„Немаме посредник. Мажите можат да резервираат состанок преку апликациите, а можам и да ги проверам, што е добро- да видам дали плаќаат, критики од другите колешки“ – изјави Емили гостувајќи на британската телевизија „ITV”.
Емили и Куки за своите услуги наплатуваат поприлично скапо – меѓу 500 и 10.000 фунти за ноќ и ги задржуваат сите пари за себе.
Тие изјавуваат дека се борат да се направи разлика меѓу проститутките кои стојат на улиците и оние од високата класа.
Емили изјави дека нејзините клиенти не секогаш сакаат секс туку понекогаш сакаат да ги однесат на вечера, на коктел или на некоја претстава.