Луксузната вила на Тито “Галеб” отворена за јавноста (Видео)


Посетителите од денес повторно ќе имаат можност да ја разгледуваат вилата “Галеб” – поранешната резиденција на Јосип Броз Тито, во рамките на Институтот Игало. Маршалот во оваа вила престојувал четири пати, а тука бил затекнат и од катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Црна Гора во 1979-тата година.Резиденцијата на Маршалот била изградена за рекордни шест месеци.vilata-na-tito

Паркот околу вилата зафаќа површина од 70 илјади квадрати, додека самата вила се простира на 5.5 илјади квадратни метри, на четири нивоа.

Вилата поседува 10 соби со сопствен балкон, од кои 5 со брачен кревет и 5 двокреветни соби, а освен нив поседува и три големи апартмани со сопствен балкон.Stitched Panorama

Апартманот 111 се издвојува со површина од 230 метри квадратни, а секако тука е и резиденцијалниот апартман на Јосип Броз Тито со површина од 100 километри квадратни, како и апартманот на неговата сопруга Јованка, со исто толкава површина. Нивните два апартмани можеле да се користат одвоено, со посебни влезови. На катот се наоѓаат уште 2 простории со закосен покрив, во кои било сместено обезбедувањето.

Вилата “Галеб” има аперитив бар, ресторантски бар, сала за состаноци, работен кабинет, камин сала, мала ресторантска сала, повеќето со сопствен балкон. На површина од 480 квадратни метри се и просториите за медицински третмани, амбулантата, кабините за хидротерапија и останати физикални процедури. Тука се и просториите за одмор и рекреација – сали за вежбање, билијар и аперитив бар, базен (8m x 26m) со две кабини за сауна.vilata-na-tito3

Во надворешниот дел на објектот се наоѓаат и уште 3 соби и 1 апартман во кои бил сместен вработениот персонал. Вилата има и бројни помошни објекти – перална, котлара, ладилници, магацин, нуклеарно засолниште…Stitched Panorama

Од ѕидовите во вилата се отстранети речиси сите уметнички слики кои се пренесени во депото или во новата зграда на Институтот. Во најголемиот дел од вилата е задржан стариот мебел, теписи и лустери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1