Германија: Итно се потребни негуватели од странство


Речиси две третини од болниците и старските домови имаат непополнети работни места, во просек има простор за вработување на уште по 4,3 работници по претпријатие, како што се истакнува во студија на Центарот за европски економски истражувања, пишува ДојчеВелеpomos stara zena bolnicarka

Околу 61 процент од дојдените негуватели потекнуваат од Шпанија, 19 насто од Полска и 16 проценти од Хрватска. Од земјите кои не се членки на ЕУ, во Германија негуватели доаѓаат главно од Босна и Херцеговина, Украина, Русија, Кина и Филипините. Оние кои веќе се докажале во секојдневната пракса, наидуваат на признание од колегите и работодавачите, првенствено поради работната мотивација и ангажман-речиси половина од испрашуваните претпријатија дури признаваат дека тие се повисоки во споредба со оние кај германските соработници. Наспроти тоа, практичното искуство кај негувателите од странство добива пониска оценка, 53 проценти нивната работа ја оценуваат пониско отколку кај останатите соработници.

Кфалификуваната работна сила, според студијата, не е добредојдена само за стопанството, туку и за германската социјална држава. Придонесот на стручњаците-странци преку даноци и социјални давачки во фондовите за пензиско и здравствено осигурување може да биде значително повисок, ако добијат полесен пристап кон германскиот пазар на работна сила. Но, за тоа е потребна активност на политиката, препорачуваат авторите на студијата од Центарот за европски економски истражувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1