Бугарскиот портал „Њускафе“ пишува дека се поголем проблем на Бугарското крајбрежје претставуваат крадците кои пустошат по плажите и кои се што е иронично под заштита на полицијата.
Според порталот Полицијата во приморските градови и села „паратизира“ на криминален бизни-многу од полицајците имаат хотели и одморалишта. Според експертот за безбедност и поранешен главен секретар на Министерството проф. Николај Радулов во моментов криминалот и проституцијата се селат кон морето, додека локалната полиција не само што не ги спречува туку и им помага.
Според Радулов некој од полицајците го прашале со колку хотели располага штом има работено на високи позиции во МВР. Радулов открива како се развива шемата. Службата за внатрешна безбедност во Варна веднаш се расформира што ќе почне да истражува сериозен престап- вработените веднаш се праќаат на други позиции додека не се заташка случајот , а потоа се отпуштаат.
Репортерот на Нова ТВ , Веронија Димитрова откри шема за кражби на милиони од „арамија“ кој е под покровителство на полицијата во Варна.
Според адвокатот Николај Хаџигенов „секоја престапност во Бугарија се развива чудно, благодарение на дејствувањето на МВР“.
Полицијата во Варна изјави дека ќе коментира само статистика а не и извјави на криминалци кои живеат луксузен живот а според нив стапката на криминалот се намалува.
Со ова не се согласуваат туристите особено оние кои минатите години престојуваа во монденското летувалиште Албена каде е невозможно да се прошета по улиците а проститутките да не ги напаѓаат мажите нудејќи им ги своите услуги. За нив никаква пречка не е и ако со нив се нивните сопруги……