400.000 евра за проект за новата Универзална сала – изградбата почнува в година


Министерството за култура по една и пол година и три тендери конечно најде фирма што ќе го изработува основниот проект за новиот објект на Универзална сала, сега познат како Конгресен центар „Александар Македонски“. Основниот проект за замисленото јајцевидно здание во наредните осум месеци треба да го изработува Друштвото за планирање, градежништво, инженеринг, трговија и услуги „Архи груп план“, со договор вреден 24.898.000 денари или нешто над 400.000 евра.

univerzalna-564x331

Очекувано е наредната година конечно да почне и изградбата на новиот јајцевиден објект на местото на досегашната Универзална сала.

Објектот треба да се состои од една голема сала со 2.500 до 3.0000 седишта и две помали сали за камерни изведби. Во него ќе бидат сместени и четири конгресни сали, како и шест билателарни сали за организирање помали настани.

Целиот објект ќе го носи името Конгресен центар „Александар Македонски“, а големата концертна сала ќе се вика „Тоше Проески“. И за помалите мултимедијални сали има одлучено имиња – Мајка Тереза и ВМРО.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1