Заев: Не е важно каква ќе е „транзициската“ влада – само да го нема Груевски во неа


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски, за најновиот предлог на Хан и најавените нови избори, изјави.

zaev

-Документот содржи добра стартна основа што сега треба да ја испочитуваат сите потписници на документот. Во документот е прецизно наведена обврската за Влада што треба да ги организира следните избори. Клучно, дали ќе биде постигнат договор на 10-ти јуни во Брисел е да се договори профилот на таа Влада. Ставот на опозицијата е познат за јавноста, дека е прифатлив секој формат и состав на Влада во којашто нема да бидат Груевски и креаторите на кризата во Македонија. Доколку тоа не се постигне, СДСМ ќе одбие отпочнување преговори и ќе продолжи со утврденото вонинституционално дејствување, изјави претседателот Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1