Активисти и членови на СДСМ направија упад и прекинаа театарска претстава во Театар Комедија, каде што на репертоар била претставата „Лисистрата“.
Активисти од граѓанското движење „ Протестирам“ кога актерите од сценаа побараа да се направи заедничко селфи , активистите ставија маски на лицата на кои пишува ПРОТЕСТИРАМ, за како што рекоа ,симболично да изразат револтот, поради партизацијата на институциите од културата и уметноста во земјава. Потоа го напуштија театарскиот салон.
Голем број уметници немаат можност да работат во театрите во РМ поради нивната политичка или партиска неподобност, или било каква друга афилијација, доколку не се согласно политиките на извршната власт. Во тој поглед, со овој краток протест сакаме да укажеме на тоа да се ослободи уметноста од канџите на партиските притисоци и сериозно да се свати културата и уметноста како водечка сила во едно општество, за негова целосна ревитализација, изјави Јасмина Голубовска од граѓанското движење „ Протестирам“.
Со ова, раководството на СДСМ директно се впушта во опструкција на работењето на институциите и нивното рушење, коментираат дел од медиумите. Според нив вакви упади и прекини во современиот свет се типични за ултралевичарски или ултрадесничарски групи кои во својата основа функционираат врз тоталитарни принципи. Ваквиот потег не придонесува за надминување на актуелната политичка криза, за што изгледа само декларативно се залага раководството на СДСМ. Упатените, ваквиот чекор го толкуваат како плод на нервоза и тоална безидејност.