Попладнево пред судот во Охрид на тротоарот распослана е целата покуќнина на Јован Спиркоски кој во судски спор остана без својата куќа, а подолго време протестираше и пред судот, јавува Охрид 1.
Тој своите кревети, душеци, куфери, електрична опрема, облека, па дури и санката, ги донесол пред зградата на Основен Суд Охрид и ги оставил на тротоарот.
Полицијата извршила увид и направила записник и попис на оставените предмети. . .