Мајката ја мрзело да се симне по скалите и да му го даде детето на таткото, па се одлучила да му го фрли преку балкон. За среќа таткото го фати детенцето.
Оваа мајка од Казахстан го изнесува своето 18 месечно синче на балкон, го фаќа под пазуви и го држи надвор од оградата на балконот, а потоа го фрла во рацете на таткото кој чека долу. Како да фрла кадифена играчка!!! Таткото успева да го фати детето само еден метар пред тоа да падне на земја.
Загрижена соседка ги снимила, а снимката ја објавила на Facebook.Верувале или не, ова се случило во главниот град на Казахстан. мајката го изнесува детето на балкон со намера да го фрли во рацете на таткото, и го прави тоа.
Оваа неверојатно вознемирувачка сцена ја снимила сосетката на оваа луда брачна двојка кои го ризикуваа животот на сопственото дете.
35 годишната Акбота Ринзанова ја снимила целата сцена, ја објавила на Фејсбук и напишала: Колку глупав треба да бидеш да помислиш да го фрлиш своето бебе од балкон! Шокирана сум!