Закана со бомба во авион на „Туркиш ерлајнс“ – 283 патници евакуирани


Ливче со порака за присуство на бомба денеска е откриено во тоалетот на патничкиот авион на турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“, што требало да полета од Истанбул за Њујорк, информира БТА.

turkish-airlines.jpg500

Ливчето било откриено откако сите патници се качиле во авионот на превозникот и се извршувале последните проверки пред полетувањето на „Боинг-от 777“ , со 283 патници, од меѓународниот аеродром „Ататурк“.

Сите патници биле принудени да се симнат од авионот.

Авионот бил пренесен на безбедно место на аеродромот, каде полициски екипи почнале да го претресуваат за присуството на бомба, посочува агенцијата Доган.

Ова е последниот од серијата инциденти со вакви бомбашки закани во авиони на „Туркиш ерлајнс“ во последните неколку месеци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1