СЕ САМОУБИЛ НА „СКАЈП“: Девојка го уценувала со компромитирачки снимки


Осумнаесетгодишник е пронјаден пред својот компјутер со нож забиен во срцето во Кастексарасан, на југот од Франција. Жртвата била изложена на уцена преку веб камера.

Како што јави радиото РТЛ, момчето на Скајп водело разговор и се самоубило поради страв дека на интернет ќе биде пуштено видео во кое се наоѓало.face kompjuter

Како што јавува дописникот на МИА од Париз, момчето било матурант во професионала гимназија, бил зафатен од паника, откако една девојка му побарала пари и го уценувала дека во спротивно ќе пуштела на интернет интимна снимка од него, напиша весникот „Депеш ди Миди“.

Јавното обвинителство од Монтобан отвори истрага за да утврди кој ја вршел уцената, што заврши со трагедија. Во моментот кога било пронјадено телото на жртвата, се покажало дека претходно момчето било закачано на интернет.

Оваа трагедија, според француските власти, е прилика да се потсети дека луѓето често пати се покажуваат наивни на интернет. На интернет има многу измами, без разлика дали се сексуални, финансиски или други. Француската полиција му посветува посебна страница на интернетот, во која се објаснуваат постапките што треба да ги направат потенцијалните жртви на измами на интернет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1