16-годишно дете од Македонија прв пациент кој ќе добие нови бели дробови


За прв пат на пациент од Македонија ќе му бидат трансплантирани бели дробови, дознава zdravstvo24.mk. Големиот зафат ќе биде извршен кон средината на месецот во Виена.

Станува збор за 16 годишно дете кое со години е пациент на Клиниката за детски болести. Боледува од цистична фиброза, болест која предизвикува големи опструкции на органите за дишење. Средствата за трансплантацијата веќе се одобрени од Фондот за здравствено осигурување.bubreg2

Според информациите од скопските клиники, за обезбедување на органите од Еуротрансплант до договарање на интервенцијата, лично била ангажирана директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, која воедно е и национален координатор за трансплантација. Дознаваме дека и ќе го придружува 16 годишното дете до Виена.

Во медицинската литература е наведено дека белите дробови ја снабдуваат крвта со кислород и го отстрануваат јаглеродниот диоксид. Пресадување на бели дробови им е често неопходно на луѓето со цистична фиброза или со емфизема, затоа што нивните сопствени бели дробови не можат да го снабдат нивното тело со доволно кислород.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1