Македонската ракометна репрезентативка Робертина Мечевска без сомнение е една вистинска херојска приказна на модерното време. Хероина во буквална смисла на зборот која пред четири месеци, по несаканиот инцидент, се соочуваше со смртта а денеска веќе освојувач на највисокиот врв на планината Јабланица, „Црн Камен“, пишува ЕКИПА
Со група планира Мечевска се искачи повторно на еден од македонските врвови, како некогаш со ракометната селекција, притоа споедлувајќи и фотографии на својот фејсбук профил.
„Пред неполни четири месеци не се знаеше дали ќе преживеам, а денеска заедно со мојот брат и група планинари го искачивме Црн Камен, највисокиот врв на Јабланица. Ти благодарам Господе што си секогаш со мене…“ – напиша Мечевска на својот фејсбук профил.