Дојран подготви нови плажи, а по Преспанското Езеро туристите ќе се возат со нов брод!


За прифаќање на гости во Стар Дојран подготвени се Градската плажа и плажата во нова населба Карач, а со новиот брод-катамаран ќе се овозможи возење по Преспанското Езеро и посета на туристите на единствениот остров во Македонија, Голем Град

По успешната и бериќетна ланска туристичка сезона, Дојран доживеа езерска ренесанса. На туристите годинава им се нудат околу 6.000 легла во 250 објекти од приватното сметување и осум хотели од кои 6 во Стар Дојран и два во Нов Дојран.dojran-1728x800_c

леглото ќе чини од 250 до 300 денари, а во студијата и апартманите од 1.200 до 1.500 денари. За прифаќање на гости подготвени се Градската плажа и плажата во нова населба Карач. Заради надојдените води годинава под вода се три дојрански плажи кои лани беа полни со туристи.

Таа информира дека може да се користи и базенот лоциран на градската плажа каде не се наплатува влезница, односно се порачува кафе и пијалак, а може и да се руча.

Планирана е изградба и на спа-центар, содржина која досега ја немаше во овој македонски туристички центар.

И преспанскиот регион забрзано се подготвува за новата туристичка сезона. Во Претор се чистат вилите кои треба да ги подготват за новите летувалци. Најголем дел од лицата што издаваат соби планираат и годинава да ги понудат по лански цени од 250 до 350 денари за кревет.

Како што не информираат од општина Ресен, во туристичката населба Стење се гради нова модерна плажа која до почетокот на јули месец треба да е ставена во употреба.Плажата е во должина од 500 метри во ултрамодерен стил и со голем број на содржини од спортски игралишта, шанкови, платформи во вода и слично. Плажите се уредуваат и во Отешево пред хотелот Лејк Вју како и се збогатува понудата со набавка на брод-катамаран кој ќе овозможи посета на туристите на единствениот остров во Република Македонија, Голем Град

Вечер.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1