Единствената ќерка на советскиот диктатор, кој масовно ги испраќал своите противници во смрт, е родена на 28-ми феврурари, во 1926-тата година. Таа била плод од бракот на Јосиф Сталин и неговата втора сопруга Надежда Алилуева.
– Каде и да одам, дали е тоа Австралија, или пак некој остров, секогаш ќе бидам политички затвореник на името на мојот татко, говорела ќерката на Сталин.
Розмари Саливан, која ја напишала биографијата на Светлана Алилуева, сакала да му ја раскаже на светот нејзината драматична функција.
– Може ли да замислите живот под сенката на името на нејзиниот татко – тоа име – во текот на целиот живот, вели за канадските медиуми Саливан, која минала три ипол години истражувајќи и пишувајќи ја “Ќерката на Сталин”.
Резултатот на сето тоа е една емотивна биографија која покажува сложена, конфликтна жена која била тврдоглава исто колку и нејзиниот татко, а интелигентна исто колку и нејзината мајка. Во животот кој бил одбележан со трагедија и драма, таа издржала буквално сè, дури и била исклучително силна.
– Мора да сфатите дека таа ја имала татковата одлучност и неговата интелигенција, но не и неговото зло, вели Александар Бурдонски, внук на Светлана Алилуева.
Олга (Крис Еванс), ќерката на Светлана, наведува дека нејзината мајка имала кошмари како дете, поради сето тоа што го правел нејзиниот татко.
– А како не би ги имала со оглед на сето тоа, смета Саливан.
Алилуева била поштедена од глад и немаштија, нешто од што пателе поголемиот дел од нејзините сонародници, но сепак нејзиното детство било одбележано со несреќа. Мајката Надежда извршила самоубиство кога Светлана имала само шест години.
– Таа замина како непријател, се присетувала Светлана подоцна на зборовите на нејзиниот татко во врска со тие непријатни случувања.
Изненадниот губиток на нејзината мајка оставил тешки последици по Светлана. Саливан ги наведува сеќавањата на Марфa Пешковa, внука на писателот Максим Горки, за тоа дека Светлана сакала и своите кукли да ги облече во црно, говорејќи и на својата пријателка Марфa дека тоа е “облеката на нејзината мајка”.
– Мама умре и јас сакам куклите да ја носат нејзината облека, говорела малата Светлана, која потпора имала само од својата дадилка.
Саливан објаснува дека Светлана веќе со 14 години го сфатила степенот на моќ на нејзиниот татко кога ја затекнала нејзината пријателка Гаља како плаче на училиште. Нејзиниот татко бил уапсен, а нејзината мајка подготвила писмо за Сталин за кое сакала Светлана да го предаде на својот татко.
Таа тоа го сторила уште истата вечер, во присуство на членовите на Политбирото. Сталин побеснел.
– НКДБ (тајната полиција) никогаш не греши. Некогаш си принуден да одиш и против оние кои што ги сакаш, изјавил тогаш Сталин.
Следниот ден, таткото на Гаља бил ослободен, а Светлана сфатила дека човечкиот живот зависи буквално од зборовите на нејзиниот татко.
Како 16-годишна девојка, Светлана се заљубила во 39-годишниот Алексеј Каплер, а откако Сталин дознал за сето тоа, таа била постојано надгледувана. Сталин го уапсил Каплер, а тоа го дознала и Светлана. После една година пристигнала и првата понуда за брак од Григори Морозов, нејзин колега од студиите на Универзитетот во Москва. Таа ја прифатила понудата за брак, но освен овој брак, таа била во уште два неуспешни бракови. Таа се заљубувала често, а од трите брака, добила и три деца, Јосиф, Јекатерина и Олга.
Среде Студената војна, во 1967-мата година, побегнала во САД и објавила мемоари, “Дваесет писма до пријателот”, кои ѝ донеле милиони. Таа јавно го отфрлила режимот на својот татко и советската влада. Саливан вели дека Светлана им верувала на погрешни луѓе и токму затоа повторно останала без пари. Но секој следен пат таа повторно се воздигнувала и продолжувала понатаму.
Светлана Алилуева подоцна се преименувала во Лана Питерс, откако стапила во брак со архитектот Вилијам Весли Питерс. Тие живееле во Висконсин и имале една ќерка, Олга, но се развеле во 1973-тата година. Во интервју за британскиот Independent, Светлана раскажала дека нема пари и дека живее со својата ќерка Олга во изнајмена куќа.
Во делот од биографијата има и трилер елементи. Саливан пишува дека Олга Ивановна Гинценберг, позната како “Олгивана”, вдовицата на прочуениот архитект Френк Лојд Рајт, верувала дека Светлана нема само 1.5 милиони долари заработени од мемоарите, туку и од златото на Сталин кое наводно било сокривано во текот на Втората светска војна.
– Олгавана само ги сакала нејзините пари и ништо друг0, наведува Саливан.
Светлана Алилуева починала на 22-ри ноември во 2011-тата година од рак на дебелото црево.
Tocka.con.mk