Одите на одмор – еве каде да не ставате бензин – а каде е најевтин


Почнавте да ги правите пресметките за вашето летување оваа година. Ако патувате со автомобил тогаш главната дилема кога правите математика колку ќе ве чини горивото е најевтино. Дали да го наполните резервоарот дома, или ќе може да дополните по пат. За таа цел српски Дневник направи пресметка каде во регионот е најисплатливо да се купи гориво.
Според весникот, како што сега стојат работите, ако тргнете на Јадранот, тогаш најдобро би ви било, во зависност од тоа кој пат ќе го фатите, гориво да полните во Босна и Херцеговина (БиХ), ако одите во Грција, тогаш земјата на летување треба да ја избегнете и да си обезбедите доволно гориво за одење и враќање.benzin benziska mk3
Според анализата на весникот, во БиХ за литар безоловен бензин и дизел гориво потребни ви се околу 1,07 евра, а во Грција за бензин ќе ви треба околу 1,6 евра, па за полнење на резервоар од 40 литри во БиХ ќе ви бидат потребни 42,8 евра, а во Грција околу 64 евра, односно за еден резервоар бензин купен во Грција, во БиХ можете да наточите еден и пол резервоар.
Кога станува збор за дизел горивата, најповолна цена има Македонија, бидејќи кај нас за литар треба да платите 0,92 евра, а во Грција ова гориво е најскапо и изнесува 1.3 евра, па заштеда за купување на 40 литри дизел гориво е околу 15 евра, бидејќи во Македонија за оваа количина ќе ви бидат потребни околу 36,8 евра, додека во Грција 52 евра.
Во Србија за литар безоловен бензин пак треба да платите 1,18 евра, за дизел гориво 1,24 евра, Цената на бензините кај нашиот северен сосед е пониска отколку во Хрватска, Црна Гора, Унгарија, Грција, Романија и Словенија, а е поскапо отколку во Македонија, БиХ и Бугарија.benzin33
Во Хрватска и во Словенија литар дизел гориво 1 1,25 евра и поевтино ќе ви биде ако ова гориво го наточите во Црна Гора, Унгарија, Бугарија, Македонија и БиХ. Во Хрватска литар бензин чини околу 1,34 евра, во Црна Гора безоловниот бензин чини околу 1,32 евра, а дизел горивото околу 1,19 евра, во Словенија литар безоловен бензин чини 1,36 евра, додека за дизел треба да издвоите 1,25 евра.
Цените на горивата во Унгарија пак се идентични. Тука литар безоловен бензин чини околу 1,20 евра, а дизелот се продава за 1,21 евро. Слично е и во Романија, но таму цената е повисока, односно за литар безоловен бензин треба да платите 1,30 евра, а за дизел 1,29 евра. Освен Бугарија, каде безоловниот бензин чини околу 1,12 евра, а литар дизел околу 1,16 евра, цена на бензините според српскиот весник е најповолна во Македонија каде што литар изнесува 1,14 евра.benzin3
Постојат разлики во цените на горивата, па затоа оние кои планираат да тргнат на летување со автомобил би било добро, пред да тргнат да погледнат колку чини горивото во земјите од окружувањето бидејќи со паметно полнење на резервоарите може да заштеди многу пари кои ќе ви останат во паричникот да ги потрошите на вашето летување.
Заштедата е најголема ако горивото го купувате во БиХ или Македонија, па и Бугарија, а пресметката покажува дека може да заштедите и до 20 евра по резервоар. Тоа не е занемарлива сума на пари и треба добро да размислите пред да застанете на бензинска станица, секако ако овие земји се на патот до местото на кое планирате да летувате.
emagazin.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1