Поминал 43 години во самица без валидна судска пресуда


Американскиот сојузен апелационен суд во средата го блокираше ослободувањето на Алберт Вудфокс, затвореник кој требаше да биде ослободен од затвор откако 43 години мина во самица.

Сојузниот апелационен суд така го усвоил барањето на државниот обвинител на сојузната американска држава Луизијана, Бади Колдвел, кој од него бараше да го блокира ослободувањето на Алберт Вудфокс, кој издржува казна за убиство на затворски чувар во 1972 година, затоа што тој е „осуден убиец со долга криминална историја“.

zatvorenik

Неговото ослободување го побара со судска одлука окружниот судија Џејмс Брејди, наредувајќи ѝ на државата веднаш да го пушти од затвор сега 68-годишниот Вудфокс и тврдејќи дека не би требало да му биде судено по третпат поради убиството на затворскиот чувар.

Во својата одлука Брејди се повика на возраста на затвореникот и неговата лоша здравствена состојба, и изрази сомневање дека државата на Вудфокс би можела да му обезбеди трето чесно судење. Брејди својата одлука ја образложи со „штетата нанесена на Вудфокс, кој мина повеќе од 43 години во самица и со самиот факт дека веќе му е двапати судено“.

На одлуката на сојузниот апелационен суд се жалеше министерот за правосудство на државата Луизијана, а судот до петок мора да ја однесе одлуката за тоа дали ќе ја усвои жалбата.

Обединетите нации и организацијата за заштита на човековите права Amnesty International, ги осудија како нечовечни условите во коишто Вудфокс ја издржува затворската казна. Вудфокс, имено, повеќето од 43-те години во затвор ги минал во мала ќелија, по 23 часа секој ден, без можност за социјална интеракција и за програмите за рехабилитација, се тврди во соопштението на Amnesty International./

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1