22-годишната Боби Кристина, ќерка на музичката дива Витни Хјустон, ја губи битката за живот. Британските медиуми пишуваат дека семејството ја однело Боби Кристина дома за на мира да помине во семејната куќа.
По неколкумесечна агонија и надеж дека сепак ќе закрепне од индуцираната кома, нејзиното семејство изгубило секаква надеж.
Момчето на Боби Кристина , Ник Гордон неодамна изглегло од рехабилитација поради проблеми со алкохолот. Тој заедно со нејзиното семејство ќе има можност да се прости од неговата долгогодишна девојка.
Од 31 јануари ќерката на почината американска музичка диви Витни Хјустон, Боби Кристина Браун (22) е во индуцирана кома откако нејзиното момче и полубрат Ник Гордон, со кој постојано се карала, ја пронашол онесвестена во када во станот во кој живееле.