Познатиот пејач Роби Вилијамс пристигна во Белград, по повод концертот којшто ќе се одржи на Ушќе, на 17-ти јуни.
Роби пристигна во српската престолнина видно распорложен. На аеродромот „Никола Тесла“ го пречекаа голем број новинари и репортери.
Тој досега има освоено 17 BRIT награди и со тоа стана најуспешниот музичар откако се доделуваат. Во 2006-та година влезе во Гинисовата книга на рекорди со продадени 1,6 милиони влезници за концерт, во еден ден.
Британскиот весник „Gardijan” ја опишаа неговата турнеја како најспектакуларна.
„Ако некој оваа година ви пружи повеќе забава од Роби Вилијамс и подготвеност на концертот да и се предаде на публиката до крај, би сакале да го видиме“.