За време на концертот во Лондон, гитаристот на групата „5 Seconds of Summer” за малку ќе изгорел.
Музичарот Мајкл Клифорд (19) стоел блиску до пиротехничкиот апарат кој му ја запалил косата и му изгорел дел од лицето. Тој истрча од сцената, а остатокот на бендот продолжи да свири, уверувајќи ја публиката дека се е во ред во Мајкл.
Иако фотографиите и снимките на социјалните мрежи делуваат вознемирувачки, Мајкл после лекарските прегледи на Инстаграм постави фотографија на која напиша дека повредите не се опасни и дека му е жал што не можел да остане до крајот на концертот.