Влегов во водата да се разладам, во еден момент видов тело на дете како плови…знаев дека е малиот Стефан. Во тој момент ќе умрев од шок., – ова за српски Курир го изјави Јован Грујиќ, 64-годишниот селанец кој вчера го пронајде телото на момчето по кое трагаше цела Србија.
– Ги чував кравите, па отидов да се измијам бидејќи премногу беше топло, си земав и шампон. Во тревата видов тело на дете и се заледив. Знаев дека е Стефан, вели Јован.