Попладнево Скопје беше зафатено од силно невреме. Околу 13 часот заврна дожд а се слушаа и силни грмотевици.
Еве како еден гром удри во зграда близу Веро во Тафталиџе. Се уште нема информации за нанесената штета.

фото – ЗаСе.мк
Како што најавија од УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со зголемена облачност и нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура до 17, а дневната ќе достигне до 28 степени.
Во четврток ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд.
Ваквото време ќе се задржи до крајот на неделава.