Седум повредени во несреќа во Куманово


Седум лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на улицата „Железничка“ меѓу касарната „Боро Менков“ и бензиската пумпа „Трготим“ во Куманово.soobrakajka-trkalo500

Според информациите на СВР Куманово, во сообраќајката учествувале четири возила. Автомобилот „пасат“ со кумановски таблички се движел од Куманово кон периферијата на градот и претекнувал „мерцедес“ со кумановски таблички по што удрил во „опел астра“ со скопски таблички, а потоа и во „голф“ со кумановски таблички кои се движеле во спротивна насока.

Полицијата информира дека автомобилот „пасат“ откако удрил во астрата и голфот по инерција се свртел и го удрил и „мерцедесот“.

Дваесет и петгодишниот возач А.Е. кој го управувал „пасатот“ поминал со телесни повреди, додека неговиот сопатник Б.Ш се здобил со посериозни повреди по што е пренесен на една од скопските клиники.

Четворица од вкупно петмината патници во „опел астрата“ поминале со повреди. Автомобилот го управувал А.З., а сопатници му биле Ц.С.,К.Ж.,У.С. и У.А. сите од Скопје.

Во сообраќајката на повреди се пожалил и возачот на „голфот“, Ш.Р. од липковско Ропаљце, додека 46-годишниот Ш.З. кој го возел „мерцедесот“ не се пожалил на повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1