Науката потврди: Месецот во којшто сте родени одредува од кои болести ќе страдате (Видео)


Истражувачите утврдија дека месецот во кој што сте родени, всушност, ја одредува вашата предиспозиција за одредени болести.

Научниците од Универзитетот Колумбија осмислиле софтвер кој го споредува датумот на вашето раѓање со историјата на медицинските болести. Тие споредиле 1.688 болести и датуми на раѓањето на 1,7 милиони пациенти лекувани во болницата „New York-Presbyterian Hospital/CUMC“ помеѓу 1985 и 2013 година и откриле врска помеѓу 55 болести и месеците на раѓањето.

92903_disease-association-calplot-annot-final_630x0

– Нема потреба премногу да се нервирате околу резултатот на ова истражување, бидејќи иако утврдивме дека постои врска, таа не влијае во толкава мера колку начинот на исхраната и вежбањето – објаснуваат авторите на оваа студија.

Со оваа студија утврдено е дека луѓето кои што се родени во месец мај се и најздрави. Најголеми шанси пак за да заболат од некоја болест имаат оние кои што се родени во октомври.

Истражувачите пронашле и врска помеѓу месецот на раѓање и девет видови на срцеви заболувања, па така било утврдено дека лицата родени во март и во април имаат најголеми шанси да заболат од атријална фибрилација или конгестивна срцева инсуфициенција.

Кога се во прашање респираторните проблеми, како што е астмата, најголеми шанси за да заболат од овие болести имаат луѓето родени во доцна есен или во почетокот на раната зима, во октомври и ноември.

– Информациите до кои што дојдовме би можеле да ни помогнат да пронајдеме нови фактори на ризици – рекле истражувачите.

Поранешните студии покажале дека најголем ризик за да добијат астма имаат луѓето родени во октомври и јули, додека најголем ризик да заболат од ADHD (Attention-deficit/hyperactivity disorder), односно нарушување на вниманиетo, имаат оние коишто се родени во ноември.

Истражувачите сега планираат да го повторат истражувањето на неколку други локации во САД и странство, за да видат како резултатите варираат со промената на годишните времиња и факторот на животната средина во тие места.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1