Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјавил дека неговата сопруга и мајка на неговите две деца, Бети Базиана, ќе го остави ако тој потпише договор што содржи мерки на штедење, пренесува британски Тајмс.
Ципрас им открил на блиските соработници дека ако тој попушти во преговорите и биде принуден да потпише „лош договор“, за Грција да го избегне банкротот, неговата партнерка со која ецели 25 години се заканила дека ќе го остави.