Лидерската заврши – нова средба на 29 јуни


По околу еден час заврши лидерската средба во Скопје на четворицата лидери на партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Никој од лидерите не даде изјава по средбата. Се знае само дека Канцеларијата на Европската унија во Скопје ќе објави соопштение зад кое стојат сите четворица лидери.

gruevski zaev ahmeti taci

Лидерите на политичките партии се согласиле уште еднаш да ја потврдат нивната целосна посветеност на договорот од 2 јуни и да продолжат разговорите со негово целосно остварување на лидерско ниво на 29 јуни.

„Ние го поддржуваме транспарентното менаџирање од ЕУ со текстот на овој договор, како и со сите специфични препораки поврзани со системските реформи во областа на вледеење на правото кои ќе бидат проследени и спроведени во интерес на сите граѓани“, се наведува во заедничката изјава на четворицата лидери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1