Момче почина, а две девојки се повредени во тешка сообраќајка која се случила денеска во Драчево. Според првичните информации, во несреќата учествувале два автомобили и мотоцикл. Загинало момче, кое управувало со мотоциклот, седумнаесет годишниот Петар Ј.

Foto – Ilustracija
Несреќа се случила во скопската населба Драчево, на улицата „Јустинијан Први“ на раскрсницата со улицата кон село Батинци.
Во несреќата учествувале возила „Форд мондео“, „Рено лагуна“ и мотоцикл сите со скопски регистарски таблички.
Со телесни повреди се здобиле девојките кои се возеле со него, кои биле на возраст од 16 и 19 години
Девојките се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, а другите возачи кои учествувале во сообраќајката не се пожалиле на повреди.









