Вчеравечер се одржа втората полуфинална вечер на „Пинкови ѕвездички“, а нашиот претставник Трајче Ѓоргиев си обезбеди место во самото финале.
Нашата ѕвездичка настапи со песната „Зошто отиде“ од Тоше Проески и повторно успеа да ги придобие гласовите на публиката и да се пласира во големото финале.
Финалето ќе се одржи на 26-ти јуни.
Шоуто мораа да го напуштат двајца од 14-те учесници и тоа Дуња Јеличиќ и Милица Илич, кои инаку имаа феноменални настапи во изминативе 39 емисии и секој пат воодушевуваа со нивните неверојатни вокали.