Прекрасната Магдалена Богиќ настапи втора во суперфиналето на „Икс Фактор“ но изгледа емоциите ја совладаа па го заборави текстот на почетокот на првата песна.
Таа настапи со микс од ”Read all about it” на Емили Санде и хитот ”We found love” на Ријана, но и покрај кратките две паузи за време на првата половина од настапот успеа да се врати во контрола и втората песна ја изведе без да се забележи било каква трема.
Потоа Магдалена изјави во бекстејџот дека всушност на почетокот не ја слушала матрицата на слушалката, и потоа и го заборавила текстот, но на крајот успеа да се претстави себе си во вистинско светло.