Од идниот вторник ново поевтинување на нафтата


Американската лесна нафта за испорака во јули на берзата во Њјуорк поскапи за 5 центи на 59,66 долари за барел. Северномоската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија на берзата во Лондон поскапи за 3 центи на 63.05 долари за еден барел за испорака во август.benzin3

Оваа цена по која нафтата се тргуваше денеска е за скоро половина долар пониска од цената по која се продаваше нафтата минатата недела кога се формираа малопродажните цени во Македонија. Тогаш, барел нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон се продаваше за 63.459 долари.

Курсот на доларот во однос на денарот почна да се стабилизира, а во однос на оној од пред една недела, сега е понизок за скоро половина денар.

Во вакви услови за очекување е да идниот вторник да имаме благо намалување на цената на нафтените деривати во малопродажбата за сума која не би требало да надмине еден денар по литар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1