Жена загина додека ја преминуваше улицата денеска во 11.30 часот на улицата „Војвода Путник“ во Краљево откако автомобил со македонски регистарски ознаки налета врз неа, пишува „Блиц“.
Возилото било управувано од македонскиот државјанин Eлезиќ Ќазим (1966), кој со возилото ја удрил непозната девојката и ја усмртил на самото место.
После несреќата тој побегнал од местото на настанот, а српската полиција трага по него.