Малигни заболувања, сида, мултиплекс склероза и детски епилептичен синдром се болести кои ќе се третираат со медицинска марихуана во Хрватска и третманите ќе бидат легални. Имено, ваквата одлука ја донела Канцеларијата за анализи и препораки за применување на индиски коноп/канабиноид во медицински цели. Министерството за здравство на Република Хрватска и законски ќе ја легализира употребата на канабис со лекарски рецепт.
Болести како што се епилепсија, паркинс и хантингнотова болест, и болести од психичка природа како ПТСП-А. депресија или анксиозност, не добиле зелено светло за употреба на канабис, пишува Нов лист
По повеќе месечни темелни истражувања и детални прегледи на сите објавени мета-анализи на светско ниво, и поединечни научни трудови каде што тоа било потребно канцеларијата за анализи смета дека секои 6 до 12 месеци треба да се разгледуваат нови научни докази и на добиените нови сознанија да се предложи дополнување на овие индикации.
Одкако ќе се одработи останатиот дел од работата, а тоа е дефинирање и издавање рецепти и дистрибуција на медицински коноп, начинот на препишување и издавање рецепти повеќе нема да биде кривично дело на тешко болни пациенти поради илегално одгледување на марихуана. Случаите кои завршиле на суд поради одгледување на коноп за лечење на мултиплекс склероза би требало да бидат минато, бидејќи за таква дијагноза, одредена доза на марихуана ќе биде достапна во аптека, на рецепт.
Зелено светло за користење на медицинска марихуана добил детскиот епилептичен синдром. Во државите на ЕУ се користи Епидолекс како лек, а екстракт од канабис со 98 % удел на канабиноид. Лекот го одобрила Европската агенција за лекови, а ставот на Кнцеларијата за анализи е дека лекот канабис може да се препорачува и на малолетни пациенти ако Епидолексот не е достапен во Хрватска.