Погледнете каква куќа изградиле босанци во франција ОД ПРОСЕЊЕ – се им земале


Стапувале во вонбрачни заедници со жени, а потоа нив и нивните децата ги воделе во Франција, ги принудувале да просат, а потоа им земале сè.

Специјалците на Државната агенција за истрага и заштита во БиХ, уапсиле седум лица поради трговија со луѓе кои ги принудувале да просат.trgovia-so-lugje-bih-ekspolatacija-05

Во соопштението се наведува дека во операцијата под шифрирано име “CD”, која била спроведена во Зеница, Власница, Јајце и Приједор, уапсени биле Е.С, Д.Х, Т.Х, Л.Х, Н.Д, Б.Т и Е.Х.. Четворица од нив се од исто семејство, а наведено е дека се уапсени “поради постоење на сомнение дека извршиле кривично дело организиран криминал со трговија со луѓе со цел работна експлоатација”.

Уапсените стапувале во вонбрачни заедници со жени, а потоа жените и малолетните деца ги носеле во Франција, каде им се заканувале, ги уценувале и ги злоставувале за да просат и крадат по француските улици.trgovia-so-lugje-bih-ekspolatacija-02

Сите пари кои несреќните жени и нивните деца ги собирале им ги предавале на “босовите”, кои на тој начин заработиле 2 милиони евра! Со тие пари, според обвинението, купувале недвижнини во Босна и Херцеговина, но и луксузни возила.

Тие се обвинети и за перење на пари, фалсификување на исправи, шверц на луѓе и злоупотреба на опојни дроги.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1