„Падна“ 7ца на лото, Македонец доби 125.000 евра


Падна седмица на НовоЛото 7/34. 50то коло кое се реализираше вчера , а беше емитувано во редовниот термин на ТВ Сител на среќниот добитник му донесе 125.000 евра.

Ова е третата 7ка  во 2015, а 11та од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.

LOTO

7ката е вредна 7.275.913,41 денари. Уплатени се 8 ( осум) комбинации, од кои добитна е 6тата комбинација со броевите: 2, 8, 13, 20, 25, 30, 32 +1. Уплатата е извршена во Скопје во продажното место Толлакс на Плоштад Македонија. Играчот ќе добие 120.000 евра за уплата од 120 денари

Покрај 7ката изненадување за играчите беа и двете добивки 6+1 кои носеа по 1.218.501,00, од кои едната уплата е реализирана во Кавадарци во Сигма, а другата во Скопје, во Лубито, кај Драмски театар. Добитниците на 6+1 уплатиле по 2 комбинации, при што за 30 денари ќе добијат по 20 000 евра.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1