Падна трошната куќа на Ленинова, која подолго време претставуваше опасност за минувачите.
Кровот и катот од куќата се урнале врз еден автомобил и автобус на Јоцо-турс, кој со патници поминувал околу 17 часот по улицата. Во несреќата нема повредени, но причинета е голема матерјална штета, пренесува Kumanovonews.
Очевици на настанот кажуваат дека прво слушнале силен звук, а потоа на сите страни почнал да паѓа градежен матерјал кој завршил на автобусот и улицата. Облак од прашина го прекрил местото.
Увид на лице место вршеше полицијата, а штетата дополнително ќе се утврдува.
Видео – Kumanovonews