Момче од Демир Хисар најмил и платил проститутка – па потоа ја нападнал и ја ограбил


СВР Битолa поднесе кривични пријави против три лица од Битола и едно лице од Демир Хисар за разбојништво и разбојничка кражба.

На 12 јуни, О.Ф.(23) од Демир Хисар по предходно договорен состанок со оштетената да се најдат во хотел во Битола и платил одредена сума пари за добивање на сексуални услуги, но во еден момент кога оштетената сакала да замине од хотелската соба, пријавениот физички ја нападнал и успеал да и ја одземе чантата во која имало околу 10.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.prostitucija

Во вториот случај тројцата пријавени на возраст од 18-24 години сите од Битола, на 14 јуни извршиле разбојничка кражба во куќа во Битола, при што го скршиле цилиндарот од портата од дворот на куќата, но не успеале да ја отворат, па се префрлиле преку оградата, влегле во дворот и со употреба на физичка сила го откорнале едното крило од влезната врата, влегле внатре, но не одзеле ништо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1