Сопственикот на „Zarа“, Амансио Ортега во еден ден своето богатство го има зголемено за повеќе од две милијарди долари. Oртега веќе некое време е вториот најбогат човек во светот. Пред него е Бил Гејтс, а на трето место се наоѓа Ворен Бафет.
Шпанскиот милијардер Амансио Ортега заработи 2,3 милијарди долари во понеделникот, откако акциите на седиштето во шпанската компанија Inditex се зголемија за 3,9%, покажува индексот на милијардери на “Блумберг”.
Еднодневниот профит на шпанскиот милијардер беше со 500 милиони долари повеќе од вкупниот раст на богатството на 10 најбогати луѓе во светот се вклучени во овој индекс.
Од почетокот на годината богатството на Ортега се зголемува со 11 милијарди долари до 72 милијарди долари, што е 18% зголемување. Со ова темпо Шпанецот наскоро може да стигне по најбогатиот човек во светот, Бил Гејтс, кој поседува 86 милијарди долари.