Жена и маж на возраст од 21 и 34 години се новите регистрирани случаи заболени од ХИВ и СИДА во Штип. Заболените тестовите ги направиле во Скопје, а од штипскиот Центар за јавно здравје засега не го откриваат начинот на инфицирање.
-Од кој едниот случај, пациент е болен, значи со веќе инфективни заболувања, додека другиот пациент е носител на ХИВ вирусот, изјави Велик Грков директор на Центар за јавно здравје-Штип
Бројот на заболени и инфецирани опд ХИВ и СИДА од 1991 година до сега е седум, од кои и две лица се починати. Според податоците на Центарот за јавно здравје во моментов тројца од пациентите се носители на ХИВ, за двајца заболени од СИДА. Епидемиолозите забележуваат дека многу мал број на млади лица прават тестови.
Во земјава минатата година бројот на новозаболени од чумата на 21 век се зголеми за 30 отсто, а беа регистрирани 39 нови случаи.