Исламистите му објавија војна на светот. Во очигледно добро координирани терористички напади во неколку земји ИСИС покосија стотици невини цивили. Франција повторно е цел на терористички напад а овојпат местото на злосторството е фабрика за гас во близина на Гренобл. Две лица со автомобил успеале да влезат во фабриката каде детонирале повеќе експлозивни направи но за среќа не успеале да предизвикаат експлозии во магацините со гас. Во близина е пронајдено обезглавено човечко тело а локалните медиуми објавија дека главата била оставена на оградата на фабриката и на неа биле испишани зборови со арапско писмо.
Француската полиција ги уапси двајцата напаѓачи Првиот уапсен е именуван како Јацин Сали, татко на три деца кој уште од 2006 година им бил познат на тајните служби поради радикалните исламистички активности.Според последните информации жртвата била работодавач на осомничениот Салхи. Претседателот Франсоа Оланд веднаш го напушти самитот во Брисел и се врати во Париз каде изјави дека е јасно оти во прашање е теротистички чин.
Нема сомнение дека напаѓачите имале намера да ја дигнат фабриката во воздух. Постојат силни емоции во овој момент но тие не смеат да надвладеат при одговорот на овој чин. Не смееме да му се препуштиме на стравот – изјави францускиот претседател.
Крвав петок и на плажите во Тунис. Хотели во најпознатото туристичко место Сус се најдоа на листата на Исламска држава. Во нападот загинаа 37 лица, а според очевидци во нападот учествувале двајца мажи, од кои едниот веќе го ликвидирала полицијата. Според исказите на еден од хотелските служеници сведок на маскрот, напаѓачот бил маскиран во турист, за да се вклопи во масата. Упаднал во хотелскиот комплекс и пукал кон луѓето. По само неколку месеци ова е во втор напад на исламистите по тој во март кога беше нападнат музејот во Бардо и повторно беше убиена група на туристи. Високи функционери на ЕУ изразија сериозна загриженост поради нападите, ветувајќи дека Европа обединето ќе им се спротивстави на терористите.
– Овие напади покажуваат дека сите сме цел, Арапите, Европјаните, муслиманите и немуслиманите. Наместо да не поделат, тие со ваквите напади не обединуваат, вели Могерини.
За само неколку часа нова цел на исламистите – Кувајт. Силна експлозија одекна по завршувањето на петочната молитва во шиитска џамија во кувајтската престолнина. Според последните информации загинале 25 лица а повредени се најмалку 200. Експлозивот го активирал бомабаш-самоубиец кој се наоѓал меѓу верниците за време на молитвата. Одговорноста за нападот веќе ја превзема Исламска држава.