Парис Хилтон преживеала вистинска драма кога авионот во Дубаи во кој таа се возела, наводно се расипал. Парис доживеала нервен слом, а сето тоа било снимено од камерите во авионот. Дефектот во авионот наводно бил лажен.
Египетскиот актер Рамез Галал ја поканил Парис во Дубаи и таа имала чест да отвори еден нов хотел.
Целата „драма“ ја снимиле камерите , со оглед на тоа што Рамез води емсиија со забавен карактер со наслов „Ramez in control“.
Актерот на Парис и предложил да се возат со свион низ Дубаи, а летот траел 15 минути.
Кога патниците влегле во авионот, а меѓу нив биле и ПАрис и Рамез, ништо не навестувало на несреќа. Познатата старлета единствено се жалела на непријатната миризба, но сепак била видно расположеа и планирала д аужива во летот. Што авионот полетал, се вклучил алармот кој означувал дефект во леталото.
Сите патници заедно со Парис, почнале да врискаат и да паничат, а агонијата траела неколку минути.
– Дали ова е можно? Не сакам да скокнам од авионот – паничела Парис.
Подоцна Рамез и објаснил дека сето тоа е сценарио од неговата емисија, но старлетатата ни тогаш не се смирила.
– Ќе те убијам! Мислев дека навистина ќе умрам. Ова е најголемата траума која ја доживеав во целиот мој живот – изјавила низ солзи богатата наследничка.