Дрогирани полицајци на смена- добија отказ од МВР


Во редовниот извештај за работата на дисциплинската комисија на МВР, соопштено е дека тројца полицајци добиле отказ. Еден припадник на алфите е отпуштен затоа што три дена без навремено и писмено на надредениот да најави отсуство не доаѓал на работа.policija grb oznaka

Двајца скопски полицајци добиле отказ затоа што биле под дејство на наркотични средства на смена, стои во соопштението на МВР. Полицајците работеле во полициските станици во Аеродром и во Ѓорче Петров и за време на контролите било утврдено дека се дрогирани.

Полицајците по дисциплинската постапка се отпуштени. МВР не соопшти кога полицајците се фатени дрогирани на работно место и кој вид на наркотично средство користеле.

МВР соопшти дека уште 8-мина полицајци се казнети со процент од плата, а еден со писмено предупредување.

Тројца полицајци се казнети од плата затоа што едниот спиел, а другите двајца не презеле ништо поради што од полициската станица Карпош им избегало задржано лице.  Уште еден полицаец од станицата во Центар (Беко) е казнет од плата затоа што извршил физички напад.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1