Грците кажаа „НЕ“ – На плоштадот Синтагма во Атина се слави на големо (ВИДЕО)


Грците се собираат на главниот плоштад во Атина, Синтагма, отакако неофицијалните резултати покажуваат дека повеќе од 60 проценти од граѓаните гласале НЕ. Тоа значи дека мнозинството од оние кои излегоа на гласање го отфрлија предлогот на меѓународните кредитори за финасиска помош на Грција.Screenshot_137

Во замена за тоа се бараше од Грција да ги намали платите и пензиите и да ги зголеми даноците. Опозициската Нова Демократија бара од владејачката СИРИЗА на премиерот Ципрас сега да остане на зборот и да го одржи ветувањето дека Грција нема да потклекне на уцени.

Според првите неофицијални резултати Грците изгласа убедливо „не“ на референдумот на кој право на глас имаа 9.855.029 избирачи. По 20 насто изброени гласови, опцијата „не“ води со 60,53 проценти, а опцијата “да“ има 39,47 насто од гласовите. Гласале повеќе од 57 проценти од регистрираните гласачи.

Панос Каменос по првичните резултати на Твитер напиша дека грчкиот народ покажал дека не може никој да му се заканува.

– Грчкиот народ докажа дека не сака да биде уценуван. Нема да биде тероризиран. Нема да му се заканува никој. Демократија победи, напиша тој.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1