Прекрасниот Дојран стана една од најдобрите туристички дестинации.
Достапните цени, одличната понуда за сместување, неверојатната традиционална храна се само дел од работите на кои што туристите не можат да останат рамнодушни. Уште на стартот на летната сезона
Дојран е преполн со гости. И домашни и странски.
Нивото на водата е како никогаш досега. Плажите се средени со песок, а на нив има поставено лежалки со чадори.