Деца убија 25 луѓе на локацијата која е светско наследство на УНЕСКО


Видео-снимка која наводно покажува дека милитанти на Исламската држава убиваат 25 луѓе во амфитеатарот на античкиот град Палмира во Сирија, е објавена на интернет. Снимката го покажува убиството на војници кои се борат за режимот на претседателот Башар ал-Асад, а беа заробени во Хомс.B556C425326A984C80D2F6558099BE4E

Таа беше раширена сајтови за кои се знае дека се поврзани со милитантите на Исламската држава. Од фотографиите од видео-снимката се гледа дека убијците се млади, можеби во раните тинејџерски години. Тие се фотографирани како држат оружје и носат пустински маскирни униформи и кафеави марамчиња.

Снимките од блиску на кои војниците се на колена, а рацете им се врзани зад грб, се чини дека покажуваат дека биле тепани. Стотици луѓе во цивилна облека на снимката се прикажани како седат и го гледаат убиството на скалите пред сцената, а во заднината има големо знаме на ИСИС.
Еден човек кој стои пред знамето се обраќа на собирот, пред да биде дадена команда, а осудените војници да бидат убиени истовремено со истрел во главата од младите убијци кои стојат директно зад нив.
Не е познато кога била направена снимката, но тоа не е прво такво убиство во познатиот римски амфитеатар.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1