Роеви инсекти околу светилките и оваа ноќ можат да се забележат на градскиот кеј, Бејбунар, во крајезерските делови во Далјан и Воска, Велгошти, јавува OhridNews
Граѓаните кои рекреираа на кејот гласно коментираа дека до сега не паметат ваква појава во Охрид. Некои од нив прашуваа дали можеби истата има некаква врска со засадувањето на палмите, други пак имаа поинакви теории.
Вознемитрени граѓани деновиве постојано се јавувале во Центарот за управување со кризи да ја пријават необичната појава. Има и такви кои на лекар се пожалиле на алергиски реакции.
Биолозите претпоставуваат дека се работи за ноќна пеперутка од видот „Euproctis chrysorrhoea“, која ја има во Охрид и Македонија и дека најверојатно оваа година дошло до пренамножување на истата.
Инаку во општина Охрид ова лето се’ уште не е извршено земско прскање против инсекти.