Туристичкиот шпиц во Охрид викендов доживува кулминација. Градот е преполн со гости од земјава и странство. Во чаршијата луѓето едвај се разминуваат.
На плажите буквално нема каде игла да падне. Полно е и на брегот и во вода, каде рекреативците бараат спас од горештините.
Кон и од плажите се патува бавно и во колони. Сообраќаен метеж има и во центарот на градот.
Раздвижено е и во стариот дел на градот каде бројни се групите туристи кои одат во разглед на културно историските знаменитости.
Туристичките работници се надеваат дека шпицот на сезоната ќе потрае и дека ова лето Охрид ќе има рекордна посетеност. Сепак, покрај убавите работи, има и пропусти кои се провлекуваат подолг период. Покрај слабата инфраструктура и хроничниот недостаток на паркинг, сериозен проблем претставува бучавата во градот во вечерните часови, на што најмногу се жалат гостите, но и охриѓани.
OhridNews