Бебиситерките во Франција: Заработуваат и по 11 евра на час


Веќе втора година по ред во Франција се зголемуваат трошоците за чување деца,  па во 2015 година со раст од 3 отсто се зголемиле на просечни 8,65 евра на час, покажале резултатите од истражувањето на примерок од 300 илјади граѓани на Франција, кои имаат потреба од ваква услуга.

Како главна причина за растот на цените за чување на деца, истражувачите ги наведуваат измените на школскиот систем во однос на термините на наставата, но и недостиг на стручни кадри.bejbisiter

Тарифите на бебиситерките се разликуваат до 10 отсто од регион до регион, на што влијаат и трошоците за живот и стапката на вработеност на жените во таа област, се наведува во студијата.

Додека во  регионот на Париз  за еден час за чување на дете се наплатува по 8,95 евра, во регионите Прованса, Алпи, Азурнуиот Брег сумата изнесува по 8,77 евра , а  во Лоара 8,16. Најголема заработувачка бебиситерките остваруваат во Сен Тропе, 10,92 евра за еден час.

За растењето на тарифите како шт истакнуваат авторите на студијата, посебно допринел недостигот на вакви кадри. Според официјалните податоци на Франција и недостигаат околу 400.000 стручни лица за чување деца.

Чувањето на деца станува привилегија на богатите семејства, бидејќи годишно треба да издвојат над 1.000 евра за грижа за детето надвор од училиштето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1