Цеца за Аркан: Надвор беше страв и трепет – Дома, вистинско бебе


Светлана Цеца Ражнатовиќ во периодот од 1995 – 2000 година била во брак со Жељко Ражњатовиќ- Аркан, кој за многумина е еден од најконтроверзните личности од тоа време, пишува „Хеломагазин“.

Неколку години по убството на Аркан во тогашниот „Интерконтинентал“, Цеца ја отворила душата и проговорила за нејзиниот однос со починатиот сопруг.ceca555

За него слушнав и читав сешто пред да го запознаам. Меѓу другото, дека е толку опасен, што, не дај боже, ако го когледнеш на начин што не му се допаѓа, тој прво ќе те истепа, па ќе разговара со тебе. Во својот живот, похрабар човек не сум сретнала. Тоа е онаа луда одважност која преминува во егзибиционизам. Тој човек смееше да направи се’! Како жена да умре по него – навела тогаш познатата фолк дива, пренесува „Пулсонлајн“.

ceca-arkan-630x294

Перфектно зборуваше пет јазици , цела светска книжевност ја имаше прочитано. Беше интелегентен тип, плус лудо храбар, и згора на се’ невидено нежен. Ова го потпишува жената која со него делела пет годии во добро и во зло. Дома беше вистинско бебе, додава Цеца.

Таа раскажала и дека пред него немала претстава како изгледа криминалниот свет.

Пред Жељко воопшто немав контакт со светот на криминалот и мангупи. Прв за кој зборуваа дека е опасен тип е всушност Жељко. Останатите ги запознав преку него. До тогаш се дружев со естрадата, отворено објаснила Цеца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1